Денеска во Струмица се одржа конференција на тема „Потребата од заштита на планината Беласица“, во организација на еколошкото друштво „Планетум“. На конференцијата присуствуваа претставници на повеќе граѓански организации и институции чија дејност е поврзана со заштитата на оваа планина.
Конференцијата е во рамките на спроведувањето на проектот „Мрежа од заштита на планината Беласица“ а финансиски поддржан од ЕУ. До Министерството за животна средина и просторно планирање покрената е иницијатива оваа планина да се прогласи за заштитено подрачје.
Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски кој ја поддржа оваа иницијатива, истакна дека планината Беласица треба да биде симбол на заедничка грижа кон природата и нашата иднина.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.