Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица реализирана презентацијата за проектот „Зајакнување на општинските совети“

Во Салата на Советот на општина Струмица беше реализирана презентацијата за проектот „Зајакнување на општинските совети“. На неа присуствуваа амбасадорката на Швајцарија во Македонија – Сибил Зутер Техада и постојаната претставничка на УНДП – Луиза Винтон.

На присутните на презентацијата им се обрати градоначалникот Коста Јаневски кој истакна дека, како и досегашните така и за овој проект со УНДП, се надева дека ќе биде успешно реализиран.

Тој додаде дека реализацијата на овој проект ќе биде од драгоцена полза не само за членовите на Советот, туку и за општините во целост. Јаневски им се заблагодари на Винтон и Техада за досегашната помош и соработка.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.