Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица прв македонско-бугарски ветеринарно-медицински конгрес

Денес и утре, во хотел „Сириус“ – Струмица, ќе се одржува првиот македонско-бугарски, ветеринарно-медицински конгрес, во организација на Ветеринарната комора на Македонија, во соработка со бугарскиот ветеринарен сојуз.

Целта на овој меѓународен конкурс е размена на искуства помеѓу ветеринарите од двете држави, како и размена на најновите стручни и научни достигнувања за справување со болестите кај животните и кои исто така имаат влијание врз луѓето.

Дел од програмата се и преносливи болести кај животните, хируршка онкологија, преземање на активности за есенцијално инволвирање на ветеринарната медицина во ловството, како и болести кај кучињата.

На конгресот ќе присуствуваат д-р Томислав Николовски – Претседател на ветеринарна комора, д-р Трифон Цветков – Претседател на бугарски ветеринарен сојуз, министерот за земјоделство – Љупчо Николовски, проф. д-р Лазо Пендовски – Декан на факултетот за ветеринарна медицина Скопје, д-р Илија Ѓорѓиев – Шеф на кабинетот на диреторот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Марјан Даскаловски – Претседател на Совет на општина Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.