Локалното координативно тело за заштита од дискриминација на општина Струмица (ЛКТЗД) и Асоцијацијата за здравствена едукација и заштита ХЕРА, на прес конференцијата која што се одржа во домот на АРМ во Струмица, промовираа две брошури за правата на лицата со попреченост и ЛГБТИ лицата.
Брошурите се изработени од страна на членовите на ЛКТЗД Струмица, тело кое што е формирано со цел да ги информира граѓаните за видовите на дискриминација и како да се заштитат од неа, но и каде да ги пријават случаите на дискриминација.
На прес конференцијата присутен беше и градоначалникот – Коста Јаневски, кој во своето обраќање рече дека општина Струмица отсекогаш ја почитувала еднаквоста на сите граѓани и била и е против било каков вид дискриминација.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.