Вечерва во Струмица беше промовиран Бизнис иновациски центар – прв од ваков вид во Република Македонија. Целта на овој центар е поттикнување на претприемништвото и иновациите, поддршка за создавање нови, иновативни и високотехнолошки компании, создавање услови за отворање на нови работни места, креирање развојни стратегии на компаниите. Ова се всушност, само дел од многуте цели на Бизнис иновативниот центар во Струмица, кои исто така се во функција на значителен растеж на економијата во оваа општина.
На промоцијата присуствуваше и градоначалникот Коста Јаневски, кој истакна дека отворањето на овој Бизнис центар е дополнителен импулс на Стратегијата за локален економски развој на општина Струмица за периодот од 2016-та до 2020-та година, донесена со цел да овозможи општина Струмица да стане водечка општина во регионот и една од економски најразвиените општини во Македонија. Тој додаде дека Стратегијата и Бизнис иновацискиот сектор заедно ќе дадат бенефити не само за економските субјекти, туку и за сите граѓани на оваа општина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.