Одделението „Јавна Хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“ од Струмица ја продолжува акцијата за поставување на нови контејнери за отпадоци на територијата на општината, која почна минатиот месец со цел заменување и дополнување на контејнерите.
Беа поставени нови 150 контејнери на повеќе локации низ градот а на постоечките им беше направена дезинфекција и беа поправени. Во текот на оваа недела поставени се нови на потегот на улиците „Ката Поцкова“ и „Боро Поцков“.
Оваа акција продолжува со цел да се надополни и зголеми бројот на места каде што граѓаните ќе го оставаат својот отпад и истиот да биде отстранет, но и да се избегне грдата слика од новонастанатите диви депонии.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.