Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица премиерно ќе се изведе претставата „Забрането смеење“

  • Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина.
  • Претставата говори за нас луѓето од денешницата.
  • Репризно претставата ќе биде изведена на 10,11,2018-та (сабота) од 20 часот.

На 7.11.2018-та година (среда) во театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде изведена претставата „Забрането смеење“, со почеток од 20 часот.

Автор на претставата е Миро Гавран, режија – Игор Ивковиќ а улогите ги толкуваат: Стојан Велков – Трн, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова.

„Забрането смеење“ е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43 годишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години. Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина. Кога таа ќе реши да ја раскине врската со него, почнуваат проблемите.

Претставата говори за нас луѓето од денешницата. За тоа колку глумиме сите ние во животот и дека сето тоа стана одвратно. Ова е претстава која ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. Зборува за хипокризијата во секојдневните човечки односи, за лажните компромиси што се прават во брачните односи, но и за сексуалните фрустрации кои произлегуваат од нив.

Репризно претставата ќе биде изведена на 10,11,2018-та (сабота) од 20 часот.

 

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.