Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ допатува во Струмица. Во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“, овој фестивал беше прогласен за отворен од страна на градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски и на него присуствуваа ученици од средните училишта и ученици од 7, 8 и 9 одделение од основните училишта од оваа општина.
Фестивалот ќе се одржува и вечерва и на него младите од Струмица ќе имаат можност да гледаат филмови, да дискутираат и да учествуваат на работилници.
Фестивалот е вистинско искуство за младите луѓе, со проекции, дебати, работилници, концерти, панели и целото вклучување на градот.
Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ во изминатите неколку години стана основен центар на Балканот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.