Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица одржана средба со претставници на стопанството како дел од програмата Септември 2018 – месец на Индустриска Сопственост

Денес во просториите на Советот на општина Струмица се одржа средба со претставниците од стопанството и граѓаните од општина Струмица. Оваа средба е дел од неколкуте средби во повеќе општини и тоа: Скопје, Тетово, Охрид, Струга, Штип и Битола, кои Државниот Завод за Индустриска Сопственост на Република Македонија ги организира по повод 25 годишнината од неговото основање.

Оваа активност е предвидено да трае два дена. Првиот ден – средба со стопанските претставници во просториите на општината каде што вработените од Заводот одржаа кратки презентации за заштитата на правата од Индустриската Сопственост, како и нивното спроведување.

Истовремено во центарот на градот е поставен и штанд, со цел да се промовираат правата од ИС, на кои од страна на испитувачи на патенти и трговски марки ќе се даваат совети како да ги заштитат правата на ИС на заинтересираните граѓани а се поделуваат и рекламни материјали изготвени по повод овој настан.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.