По објавениот повик „Предизвик за млади истражувачи“ за креирање на истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука, во салата на Советот во Домот на АРМ – Струмица, се одржа инфо – сесија. На сесијата учествуваа претставници на основните и средните училишта од регионот.
Целта на иновацискиот натпревар е да се поттикнат наставниците и учениците да ги препознаат своите способности и да изготват предлог проекти кои ќе бидат парично наградени од Фондот за иновации и технолошки развој. Средствата што ќе ги добијат училиштата ќе можат да ги искористат за опремување на кабинетите и за набавка на лабораториска и друга опрема.
Јавниот повик ќе биде отворен до 31.03.2019-та година.
Минатата година на првиот повик беа наградени два проекта на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.