Со пригодна свеченост која што се одржа пред Споменикот на Револуцијата во градскиот парк во Струмица, беше одбележан 11-ти Октомври – Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот. За значењето на празникот зборуваше градоначалникот, Коста Јаневски.
Секој празник е достоен за празнување затоа што претставува сведоштво за дел од нашата историја, а сите оние кои биле носители на значајните датуми од таа историја заслужуваат вистинска почит и чествување. Токму затоа, повторно сме собрани пред Споменикот на револуцијата, за да го одбележиме денот денешен, денот празничен, денот – потврда на македонскиот непокор – рече градоначалникот Јаневски.
Пред споменикот беше положено свежо цвеќе, а беше изведен и рецитал од членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.