Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица ќе се промовира „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска

  • Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Александар Прокопиев и Митко Гогов.
  • Го следи ли книжевноста развојот на технологиите и дали се адаптира на модерните текови?
  • Книгата е напишана врз основа на долгогодишното истражување и анализа на овие теми од Александра Јуруковска.

На 13-ти јули 2019-та година (сабота), со почеток во 20 часот, во Jazz club „Депо“ во Струмица, ќе биде промовирана книгата од областа на медиумите и книжевноста „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од м-р Александра Јуруковска. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Александар Прокопиев и Митко Гогов.

Промоцијата ќе биде интерактивна и на неа секој од присутните ќе може да се вклучи со сопствено видување, како и ангажман во она што претставуваат медиумите во денешно време, наспроти старите форми на издаваштво и нивната дигитализација.

Меѓу прашањата кои ќе ја збогатат дискусијата ќе бидат: Дали културата е доволно застапена во медиумскиот простор? Се третира ли доволно современата македонска и светска култура/книжевност на медиумите кај нас и воопшто како стоиме со глобалните стандарди? Го следи ли книжевноста развојот на технологиите и дали се адаптира на модерните текови? Колку е потребно да се биде дел од литературниот облак на информации, се модернизира ли денешниот писател? Каде се медиумите во сето тоа, си ја вршат ли доследно работата?

Книгата е напишана врз основа на долгогодишното истражување и анализа на овие теми од Александра Јуруковска.

Здружението „Контекст – Струмица“ оваа промоција ја реализира во соработка со општина Струмица и издавачката куќа „Авант Прес“ од Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.