Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица ќе се одржи собир во чест на загинатите од експлозијата на рударската брана во Бразил

На 05.02.2019-та година (вторник) на плоштадот во Струмица, кај споменикот „Гоце Делчев“, од 13 до 17 часот, невладината организација „Здрава котлина“ организира собир со цел палење свеќи во знак на сочувство за изгубените 384 животи кои згаснаа како жртви на рушењето на рударската брана во Брумадињо, Бразил.

Веста за трагедијата го обиколи светот и е доказ за штетните влијанија на рудниците и дека, како и Бразил, така и Струмичката котлина и градот Струмица се во голема опасност. Браната во Бразил направи голема човечка, еколошка и економска трагедија, а беше висока само 50 метри. Во Иловица треба да биде 276 метри –  највисока во светот, со неспоредливо поголем разурнувачки потенцијал – стои во соопштението на „Здрава котлина“.

Тие упатуваат покана до сите поддржувачи против рудникот Иловица-Штука за да го одбележат овој траорен момент, но и да упатат уште едно силно предупредување до сите жители дека ако дозволат отворање на рудникот, вакви катастрофи лесно можат да се случат и овде.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.