На 6-ти септември (четврток) во Дом на АРМ – Струмица од 10.30 до 13.30 часот ќе се одржи работилница за финансиската поддршка која ја обезбедува Европската Унија. Можностите за финансирање што ги нуди ЕУ и начините како да се користат, ќе ги претстави Никола Бертолини – Раководител на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија. Заинтересираните кои сакаат да присуствуваат на оваа работилница можат да се пријават на www.euic.mk/eurabotilnici или на бесплатниот телефонски број 0800 88888.
Од 18.30 до 20 часот во Клуб „Маф Маф“ во Струмица ќе се одржи средба со амбасадорот на Република Италија Карло Ромео и тимот на Делегацијата на ЕУ, на која, сите присутни ќе можат да разговараат со нив за Европската Унија и на темата Конкурентност и претприемништво.
Средбата ќе ја модерираат Огнен Јанески и Ване Трајков.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.