Денеска во големата сала во Дом на АРМ во Струмица, ќе се одржи Јавна расправа за Акцискиот план за локалната стратегија за заштита на граѓаните на Струмица, за периодот 2019-2020-та година.
На Јавната расправа ќе бидат презентирани активностите од нацрт Акцискиот план кои се однесуваат на мерките во перспективите „Задоволни граѓани“ и обезбедување услуги од Стратегијата за социјална заштита на граѓаните на општина Струмица за периодот од 2015-2020-та година. Исто така и презентација на активностите кои се однесуваат на мерките во перспективите „Развој на капацитетите“ од Стратегијата. По презентираните активности ќе се одржи и дискусија.
Проектот „Изработка на Акциски план за локалната стратегија за социјална заштита на граѓаните на општина Струмица за периодот 2019-2020-та година“ е финансиски помогнат од општина Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.