На 19.02.2019-та година (вторник) со почеток од 11 часот, во Дом на АРМ Струмица, ќе се одржи инфо-сесија за иновацискиот натпревар „Предизвик за млади истражувачи“, за креирање на истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки.
На настанот ќе присуствуваат претставници од сите основни и средни училишта од регионот: Гевгелија, Богданци, Валандово, Дојран, Ново Село, Босилево, Василево, Конче, Радовиш и Струмица и е отворен за сите заинтересирани.
Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат, а тоа е токму и целта на овој натпревар.
Организатор на настанот е Фондот за иновации и технолошки развој.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.