На 16-ти и 17-ти ноември во Струмица и Колешино ќе се одржат 17-тите „Средби под јаворите – Видое Подгорец“. Свеченото отворање ќе биде на 16-ти ноември во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица од 18:30 часот.
На 16-ти ноември, на средбите ќе има советување со книжевни разговори, книжевни разговори на тема: „Творештвото на Видое Подгорец – патоказ за современата литература за деца“, советување на тема: Употребната вредност на литературата за деца во списанијата Росица, Другарче, Развигор и Наш Свет, во воспитно-образовниот процес. Ќе биде организирана детска книжевна работилница со писателите за деца и ќе се посети општинската библиотека „Благој Јанков Мучето“.
На 17-ти ноември пак, предвидена е посета на куќата на Видое Подгорец и креативно творење во ООУ „Видое Подгорец“ во село Колешино.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.