Во среда, (03.07.2019-та година) во просториите на општинската зграда во Василево, во периодот од 9 до 14 часот, ќе се спроведе граѓанска акција на доброволно дарување крв.
Акцијата е во организација на ОО на „Црвен крст“ од Струмица и Службата за трансфузиона медицина, во соработка и со поддршка на општина Василево,
Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, да се приклучат на акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело и дарувајќи крв да се вклучат во спасувањето на нечиј човечки живот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.