Вчера, 19-ти септември, во 14.30 часот на ул.,,Климент Охридски’’ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило ,,Фолксваген Л80’’ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(33) од Штип, товарно возило „Волво ФЛ 280’’ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.А.(23) од Струмица, кој се обучувал од автошкола за управување со возилото и велосипед управуван од Н.К.(37) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.