Во сабота, на 29.12.2018-та година, со почетот во 14 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи седумнаесеттата и воедно последна седница за оваа календарска година, на чиј дневен ред ќе биде и Предлог-Буџетот на општина Василево за 2019-та година. Останатите предлози по кои ќе расправаат Советниците се:
- Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, п.о Василево за 2019 година;
- Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“ – Василево за утврдување на цената за водата за пиење или водоснабдување;
- Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за утврдување на цената за собирање и одведување на урбани отпадни води;
- Предлог-Буџет на општина Василево за 2019-та година;
- Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2019-та година;
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019-та година.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.