Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во почетокот од ноември во Струмица казнети шеснаесет загадувачи на воздухот

Во почетокот на месец ноември, Одделението за инспекциски работи во Струмица, започна со зачестени надзори за заштита на воздухот. Во контролите биле вклучени комунален инспектор, овластениот инспектор за животна средина, овластениот инспектор за патен сообраќај и редарската служба во рамки на комуналната инспекција. Тие вршеле контрола на палењето отпад на јавни површини и контроли над законските прописи на согорување на цврстите и течни горива.

Според информациите од општина Струмица, комуналниот инспектор при вршењето надзор, изрекол 4 прекршочни санкции поради палење на комунален отпад на јавни површини, чие согорување директно придонесува кон дополнително загадување на амбиенталниот воздух и влијае врз здравјето на луѓето. Овластениот инспектор за животна средина утврдил 1 прекршочна санкција против физичко лице кое вршело согорување на отпад од стари моторни возила и против истото е издадено прекршочен патен налог.

Овластениот инспектор за патен сообраќај во 1 случај има изречено прекршочна санкција со издавање на прекршочен платен налог на лице кои врши авто такси превоз со возило кое не ги исполнува минимум техничките услови за вршење на дејноста. Комуналните редари кои се дел од комуналната инспекција, во истиот период извршиле поголем број на контроли над физички лица кои вршат изложување и продажба на индустриски и земјоделски производи на јавна површина, како и над физички лица кои вршат палење, закопување и уништување на смет на јавна површина. При вршење на контролите во 10 случаи е констатирано непочитување на одредбите од законот за јавна чистота, за што против сторителите се изречени прекршочни санкции со издавање на мандатен платен налог.

Од Одделението за инспекциски работи велат дека, во периодот кој следува ова одделение ќе врши редовни и интензивни надзори на терен.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.