Денес ОО на „Црвен Крст“ – Струмица одржа едукација по прва помош во ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица.
На едукативната работилница присуствуваа 14 ученици од VII одделение. Тие беа запознаени со најчестите типови на повреди и животозагрозувачки состојби и начинот на нивно третирање.
Првата помош претставува витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и ги зголемува шансите за преживување во настанатата ситуација во која животот на поединец или на група луѓе е во опасност.
Црвениот крст ќе продолжи да се залага првата помош да го заземе вистинското место во нашето општество, бидејќи секој од нас има одговорност да придонесе за побезбедна средина.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.