Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во ООУ „Борис Трајковски“ – Моноспитово, изведена вежба за евакуација од пожар

  • Вкупно 170 ученици и 30 вработени во училиштето беа вклучени во акцијата.
  • Вежбата беше изведена по претходно утврдено сценарио.
  • Извршија евакуација на еден од учениците со поврдена изгореница на горен екстремитет.

Под мотото „Иднината им припаѓа на подготвените“, во ООУ „Борис Трајковски“ – Моноспитово, беше изведена вежба за евакуација од пожар, во организација на ОО „Црвен крст“ – Струмица, ТППЕ, ЦУК и ДЗС.

Вкупно 170 ученици и 30 вработени во училиштето беа вклучени во акцијата.

Вежбата беше изведена по претходно утврдено сценарио. ДЗС и ЦУК ги обучија вработените за постапувањето во таква катастрофа, ТППЕ ги обучи за користење на апаратите за гаснење пожари.

Извршија евакуација на еден од учениците со поврдена изгореница на горен екстремитет. Уште еден ученик имаше повреда изгореница на горен екстремитет. И на двата ученика екипата која е обучена за Прва помош им пружеше помош.

Основната цел на ваквите вежби е подигање на свеста на населението за важноста на сите чинители кои се грижат за безбедноста на општеството и фактот дека секој треба да знае прва помош.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.