Во недела, на 28-ми октомври 2018-та година, во организација на општина Василево и општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица, ќе се одржи традиционалниот марш до село Варварица.
Од општина Василево информираат дека поаѓањето е во 08.00 часот пред градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица и пред општинската зграда во село Василево.
Превозот за учесниците е организиран преку автобусите на „Струмица Експрес“ и е бесплатен. Поканети се сите заинтересирани граѓани да се придружат. Овој марш се организира традиционално секоја година, по повод одбележувањето на годишнината од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и струмичко.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.