Вчера (24.08.2019) околу 12.30 часот на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај клучката за с.Воиславци, полициски службеници пронашле паркирано товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
При преглед во возилото биле пронајдени 30 лица – мигранти (24 од Пакистан, три од Ирак, две од Сирија и едно од Судан).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.