Со сопствен буџет од 900.000 денари општина Василево започна со изградба на пешачка патека – тротоар на влезната улица во населеното место Градошорци. Вкупната должина изнесува околу 500 метри а ширината е околу 1,5 метри, односно варира во зависност од условите на теренот.
„Пешачката патека во овој дел од улицата уште од поодамна е неопходност заради потребата да ги подобриме условите во кои се одвива сообраќајот и да ја зголемиме безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Оваа улица всушност е регионален пат кој ја поврзува општина Василево со општина Струмица. Фреквенцијата на сообраќај е голема, несвојствена за локалните патишта и улици, каде неретко сообраќаат и тешки товарни возила. Секојдневно улицата ја користат и граѓаните како пешаци а и учениците на пат кон и од училиштето. Имајќи ја предвид целокупната состојба а заради зголемување на безбедност во сообраќајот, пред се на безбедноста на пешаците и учениците, општина Василево започна со реализација на овој проект“, изјави градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев.
Тротоарот треба да биде готов до крајот на оваа календарска година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.