Во домот на АРМ денеска се одржа панел дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020, со фокус на регионалните и локалните проблеми, предизвици и потреби. Организатор беше министерството за труд и социјална политика, а истата се одржа со поддршка на општина Струмица.
Како учесник на панел дискусијата, градоначалникот Коста Јаневски ги информираше присутните за особеностите, визиите, целите и активностите на Локалниот економски социјален совет во општина Струмица, кој е прв во земјава и постои од далечната 2011 па се до денес.
Локалниот економски социјален совет има консултативна и советодавна функција, и разгледува прашања, дава совети, мислења, предлози и препораки до Советот на општината и други органи и институции за одредени прашања од економијата и социјалната сфера, особено за вработувања на младите и и зајакнување на суштинските врски меѓу потребите на пазарот на труд, дефинирани од страна на деловните субјекти, и вештините, квалификациите и знаењата кои младите ги поседуваат, благодарение на образовниот систем низ кој поминале.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.