Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во „Детска радост“ – Клон 3 се одржа обука за педијатриска прва помош

На тема: „Педијатриска прва помош – зајакнување на капацитетот на воспитувачи, негуватели и наставници по одделенска настава и подигање на јавната свест во однос на педијатриска прва помош“ се одржа еднодневна обука во детската градинка „Детска радост“ – Клон 3. 

Главните придобивки од оваа обука се препознавање на болно или повредено дете, препознавање на специфични медицински проблеми и соодветно медицинско згрижување, разликување кога да се повика брза помош, а кога да се побара медицинска помош, спроведување реанимација според АБЦДЕ, давање соодветна помош при задушување и слично.

Обуката беше реализирана од страна на невладината организација „ЛинкАкрос“ од Скопје, а финансирана од општина Струмица, која дава поддршка на ваквите  иницијативи за едукација и стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар во предучилишните и училишните установи во општината.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.