Во текот на 48-мата недела, од 26.11 до 2.12 од 2018-та година, пријавени се 90 новозаболени од грип – информира Институтот за јавно здравје. Во споредба со минатата недела, оваа бројка е зголемена за 21,6%, додека пак, во споредба со минатата сезона, бележи намалување за 25,6%.
Како и претходната, во 48-ма недела најголем број заболени (n=63; 70,0%) се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 12,1/100.000 жители е регистрирана кај најмалите – децата на возраст од 0-4 години.
Оваа недела пријавени се заболени лица од 16 извештајни единици, а во 3 извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за Јавно Здравје – Струмица (n=18, I=19,0/100,000), додека највисока инциденца од 62,5/100.000 е регистрирана на територијата на ПЕ Македонски Брод (n=7 заболени).
Во 15 извештајни единици регистрирана е многу ниска активност на вирусот на грип а само во една (Македонски Брод) е регистрирана сезонска активност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.