Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Владата одобри 5 милиони денари за приклучување на струмичката Општа Болница на гасоводот и намалување на аерозагадувањето

На денешната седница на Владата е донесена одлука за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година во износ од 5.000.000 денари, за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на PM10 и PM2.5 во Општина Струмица, кои ќе бидат наменети и за приклучување на Јавната здравствена установа Општа Болница Струмица на градскиот гасовод.

Со оваа интервенција ќе се намали аерозагадувањето во градот, бидејќи болницата сега се загрева со нафта, со што ќе бидат остварени дополнителни заштеди откако нафтата ќе биде заменета со поевтино и еколошко гориво.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.