За референдумот на 30-ти септември за гласање се пријавиле вкупно 1.859 болни и немоќни лица во 69 од 80 општини. Пријавените ќе гласаат во своите домови на 29-ти септември, а гласањето ќе биде спроведено од страна на членови на избирачките одбори.
Во Струмица за гласање се пријавиле 107 болни и немоќни лица и со тоа се вбројува во четирите градови во земјава со најголем број на пријавени, покрај Демир Хисар – 145, Прилеп – 143 и Крива Паланка – 100.
На локалните избори во 2017-та година за гласање се пријавиле над 5.400 болни и немоќни лица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.