На 30-ти и 31-ви август (петок и сабота) во Струмица, на плоштадот „Гоце Делчев“, на вкупна изложбена површина од 1000м² ќе се одржи Агро саем за промоција на земјоделски производи и механизација. Саемот е во организација на Здружението за унапредување и развој на земјоделието „Проагро фармери“ – Струмица.
Свеченото отворање е во 11 часот на 30-ти август (петок), од 12 до 17 часот предвидено е посета на штандови и во 17ч. настап на Културно-уметнички друштва. На 31-ви (сабота), предвидено е посета на штандови од 10 до 17 часот.
Со своите производи ќе присуствуваат голем број на земјоделски производители од Југоистокот, сите дилери на механизација, увозниците на репроматеријали, конзервните капацитети и винариите од нашиот регион, додека општините од Југоистокот ќе ги престават своите можности за рурален туризам.
Саемот ќе го отвори министерот за земјоделие – Трајан Димковски и градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, а предвидено е и свое учество да земат сите градоначалници од Југоистокот, како и високи претставници од канцеларијата на ЕУ и УНДП.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.