Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

[ВИДЕО] Даскаловски на денешната конференција за печат ги повика граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат за европска Македонија

Европа и светот ги отворија вратите за Македонија, седнуваме на големите маси, рамо до рамо со најсилните семји во светот, рамноправни, поддржани од нашите сојузници, рече денес во својата изјава за медиумите Марјан Даскаловски, Претседател на Советот на општина Струмица и Претседател на ОО на СДСМ од Струмица.

„Светот ја препозна промената и ни даде шанса како никогаш до сега. Се отворија вратите за нашето полноправно членство во НАТО и за почеток на преговори за членство во ЕУ. Земјите членки на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западните демократски држави.“ додаде Даскалоски.

Тој во својата изјава нагласи и дека со влезот на Македонија во НАТО и ЕУ ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура, ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, училишта и градинки, ќе се зголемат фондовите за земјоделците со што би добиле повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар производ и за пласман со подобри цени.

На крај Даскаловски ги повика граѓаните да излезат на 30-ти септември и да го дадат својот глас за европска Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.