По повод велигденските празници се организира турнир во мал фудбал во населеното место Доброшинци – општина Василево.
Според правилата на турнирот, секоја екипа треба да се состои од минимум 5, максимум 10 играчи. Котизацијата за учество изнесува 3.000 денари, а смеат да учествуваат само играчи од Струмичкиот и Радовишкиот регион.
Пријавувањето трае до 06.04.2019-та, а турнирот започнува на 07.04.2019-та година.
НАГРАДИ :
I МЕСТО – 70.000 денари
II МЕСТО – 30.000 денари
III МЕСТО – 15.000 денари
Повеќе информации на телефонскиот број: 078/ 359-181
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.