Вечерва (13.08.2019-та) на „Чешмичката“ со почеток од 21 часот, ќе се одржи завршен, целовечерен концерт на летната школа за гитара со м-р Васко Пиличев, кој е дел од годинашниот „Струмица Опен Фест“.
Специјален гостин на вечерта ќе биде македонскиот гитарист Дамјан Пејчиновски, кој свири електрична и акустична гитара, специјализиран за многу музички стилови меѓу кои: gypsy jazz, jazz fusion, blues, rock, country, traditional и многу други.
Летната школа за гитара започна на 11-ти август, со тридневни предавања со двајцата предавачи.
Дел од музичката вечер на 12 август беше и триото Алиќ, Кукиќ & Русев.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.