Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Вечерва започнува четиринаесеттото издание на Интернационалниот фестивал „Астерфест“-Струмица

  • Фестивалот ќе трае од 26-ти до 29-ти јули.
  • Филмот е минуциозна драма за злосторот во едно мало гратче со порака против бесмислените неправди и расизмот.
  • Фестивалот е поддржан од општина Струмица и Агенцијата за филм.

Со доделувањето на наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на македонскиот филмски и ТВ-актер Данчо Чеврески, вечерва свечено ќе биде отворен 14-от Интернационален филмски фестивал „Астерфест“ – Струмица, со почеток од 20 часот во Амфитеатарот. Фестивалот ќе трае од 26-ти до 29-ти јули.

Веднаш потоа премиерно ќе биде прикажан американскиот краток игран филм „Кожа“ на режисерот со израелско потекло Гај Натив, по сценарио на Шерон Мајмон, а во продукција на Џејми Реј Њуман. Филмот е минуциозна драма за злосторот во едно мало гратче со порака против бесмислените неправди и расизмот. „Кожа“ оваа година доби Оскар за најдобар краток игран филм.

Од 22 часот следува блокот со уште 12 интересни кратки филмови: „Тек“ на Марија Грација Гоја и Робин Петре, „Еден мал чекор“ на Боби Понтилас и Ендру Чесворт, „Маркет плејс“ на Аник Кристијаенс (за којшто музиката ја компонираше Марјан Неќак), „И што вели летото“ на Пајал Кападија, „Човек-миленик“ на Марзиех Абрарпајдар, „Стар закуп“ на Висенте Барела, „Ја потпишав петицијата“ на Махди Флеифел, „Двоен живот“ на Јоб, Јорис и Мариеке, „Врне“ на Чиро Д’Емилио, „Лимерентност“ на Оливер Пич, „Различни“ на Христина Белоусова и Данте Рустав и „Исповедта“ на Естебан Фонт Ројо.

Во официјалната компетиција на „Астерфест“ се кратки играни, документарни и анимирани филмови селектирани под мотото „Кратки резови“, за коишто ќе одлучува меѓународното жири составено од ирскиот камерман Ед Годсел, словенечкиот режисер Андреј Кошак, бугарската дистрибутерка Гинка Андреева и македонскиот актер Данчо Чеврески.

Фестивалот е поддржан од општина Струмица и Агенцијата за филм.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.