Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Вечерва во Струмица ќе се одржи втората форумска сесија

Во големата сала на домот на АРМ, вечерва, со почеток во 18 часот ќе се одржи втората форумска сесија која што е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2018/2019 година.

Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината.

На втората буџетска форумска сесија присутните ќе имаат можност да се запознаат со остварените приходи во буџетот во 2018, планирани приходи во буџетот во 2019 и планираните расходи за развојни програми за 2019 и да направат избор на програми за дискусија на наредните сесии.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.