Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Вечерва продолжува 26-то издание на Фестивалот на камерна драма „Ристо Шишков“

  • Претставата е во режија на Борислав Чакринов.
  • Од 22 часот, почнува претставата „Петтиот чин“ на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, во режија на Ник Упер.
  • Втората фестивалска вечер ќе ја затвори монодрамата „Женска утопија“.

26-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кое започна вчера, денес продолжува со предвидената програма.

Во Културниот дом „Антон Панов“, вечерва од 19.30, ќе се одигра претставата „Трговци на презервативи“, на Драмскиот куклен театар од Варца, Бугарија. Претставата е во режија на Борислав Чакринов.

Од 22 часот, почнува претставата „Петтиот чин“ на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, во режија на Ник Упер. „Петтиот чин“ е дело на Љубомир Џурковиќ, а улогите ги толкуваат Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски.

Втората фестивалска вечер ќе ја затвори монодрамата „Женска утопија“. Текст по мотиви од драмите на Јордан Плевнеш, а во режија и изведба на Димитрина Мицкоска.

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ годинава се одржува во 5 фестивалски вечери, од 8 до 12 септември.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.