Првиот македонски филм кој беше во конкуренција за „Златна мечка“ на Берлинскиот фестивал – „Господ постои, името и е Петрунија“, премиерно ќе биде прикажан вечерва во Струмица (23-ти јули) на отворената сцена во Градскиот парк.
Филмот е во режија на Теона Стругар Митевска, а е инспириран од настанот што се случи на Водици во 2014 година, кога Борислава Васкова го фати крстот фрлен во реката Брегалница во штипско Ново Село, за потоа да ѝ биде одземен. Во главната улога е Зорица Нушева.
Филмот се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018-та. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабараторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.
Глумци: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска, Владимир Тулиев.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.