Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Вечерва на програмата на ФКТ „Ристо Шишков“ театрите од Прилеп и Куманово

Вечерва ќе се одржи четвртата по ред вечер од прграмата на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Во 20 часот, на сцената на Домот на културата „Антон Панов“ ќе се одигра претставата „Семејни приказни“ на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Автор на претставата е Билјана Србљановиќ, режисер Милош Б. Андоновски, а во неа играат актерите: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски.

Во подоцниот термин од 22 часот ќе се игра претставата на театарот од Куманово, насловена како „Недоразбирање“.

Режисер на претставата е Драгана Таневска, а актерската екипа ја сочинуваат: Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Никола Наковски, Сања Русеска и Марко Трајковиќ.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.