Вечерва (08.07.2019-та) на плоштадот „Гоце Делчев“ како дел од годинашното издание на „Струмица Опен Фест“ по јубилеен, десетти пат ќе се одржи Трка на келнери.
Трката е со почеток од 21 часот, на која, најхрабрите келнери од цел Југоисточен регион ќе си ги одмерат силите во натпреварот за најбрзиот и највештиот келнер.
За тројцата најбрзи келнери следуваат парични награди и тоа: за прво место – 15.000 денари; второ место – 12.000 и трето место – 8.000 денари.
За славеничката атмосфера е задолжен бендот „Аларм“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.