На 15-ти јули (понеделник) крај Езерцето во градскиот парк во Струмица ќе се одржи уште една поетска вечер на „Струмица Опен Фест“.
Гостин на вечерта ќе биде македонскиот поет и прозаист Владимир Мартиновски.
Мартиновски во 2014-та година ја добива наградата „Витез на македонскиот пишан збор“.
Зад себе има над 30 дела од поезија за деца и возрасни, проза, антологии, книжевно-теориски студии и есеистички книги.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.