Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Васил во Ротердам настапува во првото евровизиско полуфинале

Вчера, во Ротердам, Холандија, се одржа ждрепката за позициите на кои овогодинешните учесници на Евросонг ќе настапат во двете полуфинални вечери.

Македонија, која годинава на Изборот за песна на Евровизија ќе ја претставува струмичанецот Васил Гарванлиев, ќе настапи во првата полуфинална вечер.

Покрај Македонија, во првото полуфинале ќе настапуваат и Белорусија, Литванија, Шведска, Словенија, Австралија, Ирска, Русија, Норвешка, Кипар, Хрватска, Азербејџан, Малта, Израел, Украина, Романија и Белгија.

https://www.instagram.com/p/B73nbzBBxgJ/

Познавачите на Евровизија тврдат дека е силна „екс-ју групата“ во првото полуфинале, со настап на три од четири поранешни југословенски држави, сепак од државите од кои редовно ни пристигаат високи поени, како Албанија и Србија, во полуфиналето нема да добиеме ниту еден поен бидејќи и двете настапуваат во втората полуфинална вечер.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.