Утрово изгоре стара куќа во Струмица, на улицата „Јајце“, во пожарот што избувнал околу 9 часот, при што била зафатена и кровната конструкција од соседната куќа.
Во гаснењето на пожарот учествувале 3 противпожарни возила и 8 пожарникари на ТППЕ Струмица, кои спречиле пожарот да се прошири и да ги зафати и останатите куќи во овој дел на градот.
Причинета е голема материјална штета. Сѐ уште се утврдуваат причините поради кои настанал пожарот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.