Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Утре почнува ноќниот турнир во одбојка на песок во Ново Село

Утре, 27.07.2019, почнува ноќниот турнир во одбојка на песок „Ново Село“ кој ќе се одржи во дворот на ООУ „Мануш Турановски“ во Ново Село.

Ждребувањето на екипите кое ќе се одржи денес ќе ги даде паровите кои ќе играат по две игри до 15 поени, во групи од екипи со по два члена.

Организаторите Антониот Атанасов, Киро Атанасов и Александар Мешев за најдобрите на турнирот обезбедија и награден фонд од 36.000 денари.

Како што информираа од организацијата, теренот за турнирот е веќе подготвен благодарение на спонзорите и младите волонтери и се е подготвено за почеток на спортскиот настан.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.