На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска ја снема ѕвездата на познатиот македонски фудбалер – Горан Пандев.
Оваа ѕвезда беше поставена во 2010-та година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад.
Општина Струмица го осудува вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на фудбалерот Горан Пандев и случајот ќе го пријави во полиција.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.