Учениците од IV-5 – техничар за патен транспорт, заедно со професорот Миле Стојменов, по предметот Безбедност и регулирање на патниот соoбраќај, извршија симулација за увид на собраќајна незгода, која беше симулирана во кругот на училиштето, на ново изградениот полигон за обука на возачите.
Целта на оваа симулација е учениците да се запознаат со реалните проблеми кои настануваат при вршењето на увид на сообраќајна незгода а со тоа и да се уверат во последиците од недобро извршен увид на сообраќајна незгода.
По оваа симулација учениците имаат за задача да изготват скица, записник и фотоалбум од увид на незгодата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.