Учениците од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, се приклучија на Envirate week и под менторство на професорката Славица Милева-Ефтимова, засадија 30 дрвја – 13 јасени во училишниот двор и 17 јавори кај пречистителната станица во Струмица. Дрвјата беа донација од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица.
Со тоа, тие се приклучија на глобалната иницијатива „Act now! Save the future!“ која се одржува во рамките на Envirate week.
Envirate неделата траеше од 6-ти до 13-ти март и е организирана од глобалните мрежи „Environment Online“ и „Envirate“ и во неа учествуваа 150 училишта од 39 земји. Засадените дрвја беа регистрирани преку мобилната апликација на „Envirate“ и истите беа претставени на картата на апликацијата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.