На Денот на донесување на Конвенцијата за правата на децата, учениците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, со цел да ја зајакнат демократската клима во училиштето, реализираа Отворен ден за граѓанско образование, чија намена е да се поттикне одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата и да се зајакне нивната иницијативност за преземање активности за позитивна промена.
Тие иницираа повеќе активности, кои придонесуваат за промоција на граѓанските етички вредности на ниво на целото училиште и поврзување на училиштето со пошироката заедница.
Сите нивни активности кои ги реализираа од почетокот на септември до денес, беа презентирани пред нивните родители, наставници, соученици, претставници од БРО, општински просветен инспектор, претставници од одделението за образование при општина Струмица, како и советници од Советот на општина Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.