Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Учениците од Муртино преку хуманитатна акција им помагаат на своите соученици кои добиваат образовен додаток

Во рамките на програмските активности за оваа учебна година, а по повод Светскиот ден на храната, денес во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, учениците, наставниците и родителите подготвија посебна програма.

Беше реализирана хуманитарна акција, под мотото „Храна за сите“. Финансиските средства кои се собрани, ќе се искористат за набавка на прехранбени артикли, нагледни средства и технички помагала за учениците кои добиваат образовен додаток и користат други социјални права.

Хуманитарната акција содржи и елементи од меѓуетничката соработка на учениците, родителите и наставниците, кои подготвија традиционална храна од македонската и турската заедница.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.